Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченци
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Прва светиниколска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°55′29.4″N 22°03′04.2″E / 41.924833°N 22.051167°E |
| Место | Ранченци |
| Општина | Свети Николе |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Георги |
| Завршено | XIX век |
| Архитектонски опис | |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во XIX век.[2] Иконите се изработени во истиот период, но не е познато кој е нивниот автор. Непознато е и од кој архијереј е осветена.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната стана. Кон западната и јужната стана е доградена отворена припрата, а кон северната страна е дограден понизок помошен објект. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на Свети Георги. Од левата страна пред главниот влез, припратата е преградена и во тој дел има молитвен простор. Непосредно пред главниот влез на црквата, на кровот од припратата е закачено ѕвоно. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Западната страна
- Јужната страна
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсида
- Припратата на западната страна
- Припратата на јужната стана
- Ѕвоното
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 739.
- ↑ „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченци на Ризницата ?


