Црква „Св. Недела“ - Ранченци
Света Недела | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Прва светиниколска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°56′07.4″N 22°02′34″E / 41.935389°N 22.04278°E |
| Место | Ранченци |
| Општина | Свети Николе |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Недела |
| Завршено | 1930 |
| Архитектонски опис | |
Света Недела — манастирска црква на Ранченскиот манастир.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена заедно со манастирот во 1930 година. Иконите биле изработени во текот на XX век, но нивниот автор не е познат.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон северната страна е доградена затворена припрата, а кон западната и јужната страна таа е отворена. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Храмот има две камбанарии. Првата е вградена и се издига над главниот влез, така што делот над кровот е куполест со осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Втората камбанарија е издвоена и се наоѓа непосредно од левата страна пред влезот на црквата, односно е доградена до затворената припрата на северната страна. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои долниот е затворен, а горниот е ограден и отворен од сите четири страни. Објектот и камбанариите се обоени во бела боја, со исклучок на затворената припрата којашто однадвор не е варосана, и се покриени со кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Западната страна
- Припратата на северната страна
- Припратата на западната страна
- Припратата на јужната страна
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Вградената камбанарија
- Издвоената камбанарија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Недела“ - Ранченци на Ризницата ?


