I'm Not Dead е четвртиот студиски албум на американскатапејачкаПинк. Албумот е издаден на 4 април, 2006 година во САД, со цел да се совпадне со издавањето на деби албумот на Пинк, Can't Take Me Home, кој бил издаден шест години претходно за да има успех на музичките табели.
Оригинално наречен Long Way To Happy и закажан за издавање на 20 септември, 2005,[1] насловот на албумот бил променет со цел да се означи враќањето на Пинк, а датумот на издавање бил одложен поради непознати причини.
Вториот и третиот сингл, „Who Knew“ и „U + Ur Hand“, се искачиле на 9 место на Хот 100 Табелата, секој од нив продал преку еден милион копии и добил платинска сертификација од RIAA, со што повторно се зацврсти кариерата на Пинк во САД и со тоа албумот повторно се вратил на Билборд табелите, после неколкумесечните борби на Пинк со слабите продажби на нејзините албуми. Песните како „Nobody Knows“, „Leave Me Alone (I'm Lonely)“, „Dear Mr. President“ и „'Cuz I Can“ станале регионални синглови и го повториле успехот на претходните синглови без некое извонредно место на табелите.
Албумот го означува враќањето на Пинк по сиромашниот комерцијален и критички успех на нејзиниот претходен албум, Try This. I'm Not Dead добил Платина во неколку региони вклучувајќи ги и САД, Канада и Франција и постигнал вртоглав успех во Австралија, каде добил 11x Платина и се издвоиле Топ 5 хитови од албумот на Табелата за Синглови ARIA. Биле продадени 6,500,000 копии до почетокот 2010. Албумот бил повторно издаден под името I'm Not Dead - Platinum Edition, со бонус песни, ремиксови и ДВД.
Пинк рекла дека го нарекла албумот I'm Not Dead бидејќи „е за тоа да се биде жив и енергичен, а не секогаш да замолчуваш иако луѓето би го сакале тоа од тебе“;[2] таа рекла дека дошло од „будењето“ и „беше добро да чувствуваш повторно ... Јас наполнив дваесет и пет и на еден начин се разбудив и сфатив дека имам многу за учење, а претходно мислев дека знам сè. Тоа дефинитивно е голем дел од насловот.“[3] Според Пинк, таа не очекувала да биде многу емотивно вклучена во изработка на албумот бидејќи искуството во правењето на нејзиниот последен албум, Try This (2003), била „исрпна“, но таа била „принудена да биде емотивно вклучена“ од страна на нејзините соработници, како Били Ман. „Претпоставувам дека бев на место каде почувствував дека можам нешто да му додадам на светот“, рекла таа. „Се чувстувам како да има дупка, а јас знам како да ја пополнам, луѓето веќе не зборуваат лошо. Само се чувствував креативно и навистина емоционално, па на крајот излезе одлично.“[3] Според Пинк, таа напишала повеќе од четириесет песни.[4] На 4 декември, 2007, било издадено издание на албумот наречено I'm Not Dead: Platinum Edition.[5]