Дреновечки манастир
Изглед
(Пренасочено од Манастир „Св. Атанасиј“ - Дреновци)
![]() Дворот на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Дреновечки манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Атанасиј“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Атанасиј Александриски |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Атанасиј“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Дреновци, Општина Долнени ![]() |
Координати | 41°28′23.3″N 21°32′40.2″E / 41.473139°N 21.544500°E |
Видливи остатоци | една црква, конак, чешма, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Долненско-секиречка парохија) |
Дреновечки манастир — манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Бабуна, во близина на селото Дреновци.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот бил изграден со подигнувањето на манастирската црква веројатно во XVII век.[2]
Градби
[уреди | уреди извор]Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти. На карпи над доворот од манастирот се издига и метален крст, а зад манастирот има и стар гроб.
Црква „Свети Атанасиј“
[уреди | уреди извор]Според своите димензии, архитектурниот стил и живописот, црквата се проценува дека била изградена во XVII век. Таа е еднокорабна со правоаголна основа и се одликува по тоа што олтарскиот простор во источниот дел претставува засебен дел со помали димензии и има мала полукружна апсида на источната страна.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на манастирот
- Крстот над манастирот
- Манастирот виден од крстот
- Крст на влезната порта
- Манастирската црква
- Конакот
- Помошен објект
- Помошен објект со приколка за дрва
- Чешмата
- Стар гроб зад манастирот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Манастир „Свети Атанасиј“, село Дреновци“. OldPrilep. 27 мај 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Дреновечки манастир на Ризницата ?