Прејди на содржината

ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страшо Пинџур
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Карбинци
Наречено по: Страшо Пинџур
Нас. место: Карбинци
Адреса: с. Карбинци
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1973; пред 52 години (1973)
Број на ученици: 221 (2024/25)
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ou-strasopindzur.mk/
Е-пошта s_pinjur@yahoo.com
Телефон 032/300-002
Факс 032/300-002

Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Карбинци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во штипското село Карбинци, Општина Карбинци.[1] Училиштето се наоѓа надвор од самото село, заедно со сите останати административни градби.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Училиштето се наоѓа во непосредна близина на реката Брегалница, покрај селото Карбинци. Сместено е веднаш до самата општинска зграда. [2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Од кажувања на мештаните се дознава дека почетоците на училиштето се од турско време. Повеќе пати го менувало своето име, но не се документирани тие промени. По стекнувањето на независноста, училиштето го добило денешното име.[2]

Во 2010 година училиштето било комплетно реновирано со помош на УСАИД и Министерството за Образование на Македонија. Старата училишна зграда била преадаптирана за кабинетска настава и медиотека.[3]

Во училиштето наставата се изведува на турски и на македонски наставен јазик.[2]

Подрачни училишта

[уреди | уреди извор]

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-08.
  2. 1 2 3 4 „ООУ Страшо Пинџур - Карбинци“. www.mkmap.eu.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2021-02-04.
  3. „Реновирано ОУ „Страшо Пинџур" од Карбинци“. Курир. 6 октомври 2010 13:33. Посетено на 2010-11-07. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]