ПУ „Ванчо Србаков“ - Вранештица
Ванчо Србаков | |
---|---|
во состав на ОУ „Јунус Емре“ | |
![]() Поглед на основното училиште | |
Место | |
Општина: | Општина Кичево |
Наречено по: | Ванчо Србаков |
Нас. место: | Вранештица |
Адреса: | с. Вранештица |
Местоположба | |
Основни информации | |
Број на ученици: | 14[1] |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Основно училиште „Ванчо Србаков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ванчо Србаков“ - Вранештица; скратено: ПООУ „Ванчо Србаков“) — подрачно основно училиште во селото Вранештица, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница.[2] Училиштето се наоѓа на влезот во селото Вранештица.
Иако Вранештица се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер и војвода Ванчо Србаков.
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Училиштето е сместено на самиот влез во селото Вранештица.
Историја
[уреди | уреди извор]Првиот училиштен објект бил изграден во 1934 година. Наставата и денес се одржува во истиот, кој бил целосно обновен во 2009 година.[3]
Училиштето во минатото претставувало централно училиште, но било укинато како такво во април 1980 година. Тогаш влегло во состав на основното училиште „Мирче Ацев“ од Лисичани, каде што припаѓа и денес.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Вкупно има 14 ученици од прво до деветто одделение, кои се распоредени во 6 паралелки, од кои една комбинирана.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ОУ „Јунус Емре" - с. Лисичани, Пласница“. feniks.net.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-11-24.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-09.
- ↑ „ЛИЧНА КАРТА“. ОУ,,МИРЧЕ АЦЕВ,,-ЛИСИЧАНИ. Посетено на 2020-11-25.