Предлошка:Дали сте знаеле
Изглед
![]() |
Во интерес на големината на содржината, за секоја новододадена занимливост од ДсЗ на врвот, отстранете една стара од дното и ставете го на врвот од архивата, благодариме.
Можете да додадете {{subst:ДСЗФ|Именастатијата}} на страницата за разговор на корисниците кои дале значителен придонес врз статијата од која е извлечена занимливоста. |

- ... дека францускиот двокрилец од марката „Потез 29“ (Potez 29) станал првиот комерцијален патнички авион во Македонија, кој почнал да го опслужува Скопскиот аеродром во 1928 г. со превозникот „Аеропут“?
- ... дека охридското село Велмеј има дури 26 археолошки наоѓалишта?
- ... дека нашата галаксија има 100 - 400 милијарди ѕвезди и барем уште толку планети?
- ... дека руската салата во Русија се нарекува „Оливје“, по нејзиниот изумител?
- ... дека Грампијанските Планини зафаќаат речиси една половина од површината на Шкотска?
- ... дека Смолика во Гребенско е втора највисока планина во Егејска Македонија (и цела денешна Грција), веднаш по Олимп?
- ... дека руската песна „Калинка“ не е изворна народна песна, туку композиција на Иван Ларионов од 1860 г.?
- ... дека градот Белград во Албанија е основан во IV век п.н.е. од македонскиот цар Касандар под името Антипатреја во чест на татко му Антипатар?
- ... дека во Рим само најбогатите 10 % од жителите живееле во куќи, додека останатите живееле во станбени згради наречени инсули?
- ... дека гејшите првобитно биле мажи, пред тоа да стане женска професија?