Црква „Св. Никола“ - Вевчани
![]() ![]() Свети Никола | |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Вевчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°14′22″N 20°35′24″E / 41.23944°N 20.59000°E |
Место | Вевчани |
Општина | Вевчани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1834 |
Завршено | 1864 |
Осветување | 1876 |
Живопис | 1879 |
Зограф | Аврам Дичов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Свети Никола (наречена уште и Горна црква) — главната црква во селото Вевчани, а воедно и парохиски храм на Вевчанската парохија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Изградбата или можеби обновата на оваа црква започнала во 1834 година. Градбата на црквата била завршена во 1864 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]
Црквата претставува трикорабна базилика со олтар, лаѓа и балкон. Црквата е долга 18, а широка 12,5 метри.
Изградена е со рамен под, што во тоа време не било дозволено од османлиските власти. Црквата е градена од рачно делкан камен, а влезната врата е ѕидана со калај. Над неа, како и над другите отвори, во каменот се врежани библиски симболи. Каменот бил ваден од Мајдан, во планината над Вевчани, а бил носен со волови.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]
Зографисувањето е дело на Аврам Дичов, најстариот син на Дичо Зограф, а се работело во истовреме за да заврши во 1879 година. Црквата со импозантни димензии, градена со фантазија и богато зографисана, е еден од најубавите преродбенски споменици во Македонија.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконите во црквата се изработени од Дичо Зограф од село Тресонче. Овој истакнат мијачки зограф во овој свет храм оставил вредни дела. Првата негова икона за црквата најверојатно е изработена во 1849 година. Од раката на Дичо се изработени и престолните икони во 1876 година, која што се смета и за година на осветување на црквата.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Гробови во дворот
- Помошна градба на црквата
- Влезната порта на црквата
- Помошен влез во црквата
- Помошен влез во црквата
- Фреска над влезот на црквата
- Икона од црквата
- Фреска во црквата
- Икона од црквата
- Икона од црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 „Светилишта | Vevchani Info“. vevchani-info.mk. Посетено на 2018-12-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Никола“ - Вевчани на Ризницата ?