Черниче
Черниче | |
---|---|
![]() Плоштадот на селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°51′N 23°08′E / 41.850°N 23.133°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Симитли |
Надм. вис. | м | 274
Население (2024) | |
• Вкупно | 1.001 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2741 |
Черниче — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 1.001 жител (2024).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Убавото мало село Черниче е опколено од планини. Се наоѓа во котлината на реката Струма. Веднаш до селото се наоѓа планината Пирин. Други села,што се во близина на селото се Крупник, Полето , Полена и гр.Симитли.
Историја
[уреди | уреди извор]Во близина на селото, во атарот на Костово Орниште, во 1978-1979 и во 1982 година биле вршени ископувања на некропола од 9-11 век, изградена со антички тули. Биле откриени 31 гроб, а се верува дека друг дел бил уништен пред ископувањето.
Селото е формирано во 1955 година од населено место Черниче, одвоено од селото Крупник.[1]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото Черниче има релативно добро развиена економија. Тоа е дом центар за рециклирање на старо железо - Е.Т. „Инвито - Христо Миленков“. Во селото има самопослуги, мини-маркети, кафулиња и други продавници.
Демографија
[уреди | уреди извор]На табелата е прикажан бројот на населението во Черниче за периодот 1956-2011:
година | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 760 | 940 | 1012 | 1169 | 1228 | 1156 | 1083 |
Етнички состав
[уреди | уреди извор]Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 995 | 94,76 |
Роми | 46 | 4,38 |
Турци | - | - |
други | - | - |
не се самоопределиле | - | - |
не одговориле | 9 | 0,86 |
Вкупно | 1050 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[2]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото има црква „Св Георги“, градинка и училиште „Св. Кирил и Методиј“.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Секоја година на христијанскиот празник Духовден се организира средба во селото. На храмовиот празник „Св. Георги“, се организира гозба и фестивал.
Секоја година на 1 јануари селото го изведува ритуалот „Сурва“. Луѓе маскирани во кукери и секакви ликови го обиколуваат целото село за да ги избркаат злите духови и да посакаат мирна и плодна година. На овој ден не се пропушта ниту една куќа, бидејќи жителите и гостите на селото стануваат едно. Прославата продолжува на селскиот плоштад со музика до доцните вечерни часови.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на селото Черниче
- Црквата „Св. Георги Победоносец“
- Детска градинка во селото
- Парк во селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989, с 289.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
|