Прејди на содржината

Штрпце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штрпце
Општина и Гратче
Shtërpcë / Shtërpca
Штрпце
Штрпце
Грб на ШтрпцеЛого на Штрпце
Знаме
Штрпце is located in Косово
Штрпце
Штрпце
Местоположба во Косово
Координати: 42°14′N 21°01′E / 42.233°N 21.017°E / 42.233; 21.017
ДржаваКосово
ОкругУрошевачки
ОпштинаШтрпце
Површина
  Општина и Гратче247,36 км2 (9,551 ми2)
Население (2024)
  Општина и Гратче10,771
  Градскo2,431
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број73000
Повик. бр.+383 290
Таблица05

Штрпце (албански: Shtërpcë) е гратче и општина во Урошевачкиот Округ во јужниот дел на Косово. Населението на гратче изнесува 2.431, а на општината 10.771 жители (2024). Словенското население во гратчето зборува торлачки и се смета за српско. Гратче е населено со Срби, а општината е претежно српска.

Население

[уреди | уреди извор]
Етнички состав на општината
Етнички групи 2024
Срби
 
75 %
Албанци
 
21 %

Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:

  • Српски родови:
    • Староседелци: Ѓаконовчевиќи (4 к.); Годоќевиќи (5 к.); Рачиќевиќи (8 к.).
    • Доселеници: Тириќи (6 к.) доселени околу 1830 г. се од Вича, подалечно потекло непознато; Крстиќиќи (23 к.); Печиноќевиќи (16 к.) и Власачевиќи (4 к.), за првиот род се вели дека се доселени од Пеќ, а за вториот од Васојевиќи; Давидовиќи (13 к.) доселени се во почетокот на XIX век од качаничкото село Слатина. Љубиќи (10 к.) доселени се од Призренска Гора; Бошкоќевиќи (10 к.) и Кециќи (22 к.) доселени се од околината на Пеќ; Николчевиќи (15 к.) доселени се од Гусиње, Црна Гора и Чаначевиќи (12 к.) и Мрќинци (18 к.) се доселени од Полог. Сите оие родови се доселени кон крајот на XVIII век. Реџиќи (21 к.), Доганџиќи (14 к.) и Грбиќи (5 к.) доселени се во почетокот на XIX век од Полог.[1]

Населени места

[уреди | уреди извор]

Населби во општината: Беревце, Брезовица, Брод, Вича, Врбештица, .Горна Битиња, Готовуша, Долна Битиња, Драјковце, Ижанце, Јажинце, Коштањево, Севце, Сушиќе, Фираја, Штрпце.

Религија

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Никола“ во Штрпце

Во Штрпце постојат две православни цркви: Св. Никола изградена во 1576-77 и Св. Јован изградена во 1911 година.

  1. Урошевић, Атанасије (1948). „Шарпланинска жупа Сиринић“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет - Скопје: 171-172 (57-58).