LarvalBase
LarvalBase (изг. ларвалбејс) — семрежна глобална база на податоци која содржи информации за јајца, ларви и млади риби. Таа вклучува детални податоци за идентификација на многу млади риби и одгледување на риби кои се важни за рибарството и аквакултурата.
Базата содржи описи на 2.228 видови, 4.229 слики и упатувања на 4.513 дела во научната литература. Базата на податоци е под надзор на Бернд Ибершар во Институтот за морски науки „Лајбниц“ во Кил, Германија.
Базата го следи истиот формат како FishBase, сеопфатна онлајн база на податоци за риби. Додека FishBase е база на податоци за возрасни риби со перки, LarvalBase е база на податоци за младите фази на рибите. Младите риби често се хранат различно и живеат во различни живеалишта од возрасните риби. LarvalBase ја надополнува FishBase со обезбедување информации за овие рани фази од животот.
LarvalBase се стреми да ги вклучи сите клучни податоци за ларвите на рибите, со акцент на стандардизирање на податоците, олеснување на извлекувањето и комбинирањето на податоците со други податоци и нудење на моќни алатки за презентација. Се потпира на традиционалните првични извори пронајдени во дела, трудови, книги и извештаи, сива литература и необјавени, но сигурни податоци од извори како што се аквакултуристи кои практикуваат. Податоците вклучуваат информации како што се клучеви за идентификација, морфометрија, легло, однесување при мрестење и одгледување, плен и предатори, како и фази и стапки на раст. Исто така, вклучува и податоци од специфичен интерес за аквакултуристите, како што се потребното време за изведување на јајцето, дијаграми кои што ги прикажуваат промените во анатомијата во различни ларвални фази, анализа на ларвалните диети и техники за одгледување на подмладок.
Позадина
[уреди | уреди извор]На научниците и менаџерите од рибарството, аквакултурата и инкубаторите може да им биде тешко да ги добијат потребните информации за видовите за кои се заинтерсирани, бидејќи релевантните факти можат да бидат расфрлани низ бројни статии во списанија, извештаи, билтени и други извори. Особено може да биде тешко за луѓето во земјите во развој на кои им се потребни таков вид на информации. Решение на оваа ситуација е да се консолидираат сите достапни информации, извлечени од глобалните извори, во лесно достапна база на податоци. Базата на податоци е особено корисна ако податоците се стандардизирани и валидирани. Со такви ставови и размислувања, во 1988 година се појавил проектот FishBase. кој е сега главната база на податоци во светот за риби со над 30 милиони прегледи месечно. Сепак, FishBase не вклучува детални информации за јајца од риба и млади риби. Во 1998 година бил започнат проектот LarvalBase за да се реши ова.
Наводи
[уреди | уреди извор]- LarvalBase Архивирано на 28 март 2012 г. . Презентација на конференцијата „Aqualex, повеќејазичен речник во поддршка на мултимедијални и онлајн производи и програми поврзани со рибарство и аквакултура“, 10–12 мај 2001 година, Земјоделски универзитет во Шчечин, Полска.
- Биолошки информациски системи IFM-GEOMAR, Преземено на 28 јули 2011 година.
- Ueberschär, Bernd (2000) LarvalBase: празнини во базата и знаењето.[мртва врска][мртва врска][ мртва врска ] Извештај за истражување на рибарството на земјите од АКП и ЕУ, 9 : 78.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- LarvalBase
- Фото архива Архивирано на 7 декември 2019 г. LarvalBase .
- Критични времиња за ларви од риба Архивирано на 4 март 2016 г. Бернд Ибершар, IFM-GEOMAR . Презентација на Летна школа, Ќингдао, 2008. Воведно предавање за ларвална екологија.