Прејди на содржината

SCMaglev

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воз MLX01 на пробната шина во Јаманаши
Суперспроводливото магнетно подвозје на возот MLX01
Водечки намотки

JR-Maglev (јапонски: ジェイアール式マグレブ) — систем на магнетнолебдечка железница (маглев) на Среднојапонското железничко претпријатие и Институтот за истражување на железничката техника (подружница на групацијата „Јапонски железници“).

JR-Maglev MLX01 е меѓу новите од низата магнетнолебдечки возови на коишто се работи во Јапонија уште од 1970-тите години. Составен е од највеќе пет вагони и предвиден е да вози по пробната магнетна пруга во префектурата Јаманаши. На 2 декември 2003 г, тривагонски состав на овој воз достигнал брзина од 581 км/ч, што претставува светски рекорд за шински возила со екипаж.[1]

Технологија

[уреди | уреди извор]


Одбоен систем
Одбоен систем
Водечки систем
Водечки систем


Погонски систем
Погонски систем

Магнетнолебдечките возови имаат три системи: одбоен (за лебдење), водечки и погонски.

JR-Maglev користи систем на електродинамично одржување (EDS). Mагнетните полиња во движење создаваат одбојна сила во проводникот поради индукцијата во полето. Оваа сила го одржува возот во воздух. Возовите имаат суперспроводливи магнетни намотки, а на водечкиот колосек се поставени одбојните намотки.

Кога возот се движи со голема брзина, намотките во колосекот создаваат одбојна сила како резултат на наближувањето на суперспроводните намотки прицврстени на возот.

Електродиманичното одржување овозможува поголем меѓупростор од електромагнетното (EMS), но возот мора да има и тркала за движење при релативно мали брзини, кога не може да создаде доволно голема сила за да лебди. Тркалата се повлекуваат кога возот ќе достигне брзина од 150 км/ч. 10 см над колосекот.[2]

Одбојните намотки во колосекот служат како водилки и стабилизатори. Погонот на JR-Maglev е линеарен синхрон мотор (LSM), кој ги напојува намотките во колосекот.

Пробна пруга во Мијазаки

[уреди | уреди извор]

Со преместувањето на пробите во префектурата Јаманаши, во Хјуга (префектура Мијазаки) Институтот за истражување на железничка техника (RTRI) во 1999 почнал да врши проби со возови што се движат на основа на екрански ефект како екранопланите.[3]

Пробна пруга во Јаманаши

[уреди | уреди извор]

Експерименталните пруги во Јаманаши моментално имаат практична примена. Шините имаат должина од 18,4 км (вклучувајќи 16 км тунели). Пробната пруга е во доизградба, со што во 2013/14 г. ќе се добие должина од 42,8 км. Ова е дел од планираната линија Чуо Шинкансен што ќе ги поврзува градовите Токио, Нагоја и Осака. Порачани се 14 воза „Шинкансен L0“ чиј производител ќе бидат Мицубиши и Нипон Шарјо, подружница на Среднојапонското железничко претпријатие.

Возот ML500 - светски рекордер во 1979 со постигнати 517 км/ч, денес експонат во Националниот музеј на транспортот (Осака).
  • 1972 – LSM200
  • 1972 – ML100
  • 1975 – ML100A
  • 1977 – ML500
  • 1979 – ML500R (преобликува ML500)
  • 1980 – MLU001
  • 1987 – MLU002
  • 1993 – MLU002N
  • 1995 – MLX01 (MLX01-1, MLX01-11, MLX01-2)
  • 1997 – MLX01 (MLX01-3, MLX01-21, MLX01-12, MLX01-4)
  • 2002 – MLX01 (MLX01-901, MLX01-22)
  • 2009 – MLX01 (MLX01-901A, MLX01-22A: преобликува 901 и 22)

Рекорди со екипаж

[уреди | уреди извор]
MLX01-1
Брзина (км/ч)ВозТипМестоДатумЗабелешки
60 км/чML100маглевRTRI на JNR, Јапонија1972
400,8 км/чMLU001маглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонијафевруари 1987Двовагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возови.
394,3 км/чMLU002маглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонијаноември 1989Едновагонски.
411 км/чMLU002NмаглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонијафевруари 1995Едновагонски.
531 км/чMLX01маглевПробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија12 декември 1997Тривагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возовиs.
552 км/чMLX01маглевПробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија14 април 1999Петвагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возови.
581 км/ч MLX01маглевПробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија2 декември 2003Тривагонски состав. Тековен светски рекорд за возови од било кој вид.

Рекорди без екипаж

[уреди | уреди извор]
Брзина (км/ч)ВозТипМестоДатумЗабелешки
504 км/чML-500маглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија12 декември 1979
517 км/чML-500маглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија21 декември 1979
352,4 км/чMLU001маглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонијајануари 1986Тривагонски состав.
405,3 км/чMLU001маглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонијајануари 1987Двовагонски состав.
431 км/чMLU002NмаглевПробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонијафевруари 1994Едновагонски.
550 км/чMLX01маглевПробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија24 декември 1997Тривагонски состав.
548 км/чMLX01маглевПробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонијаn18 март 1999Петвагонски состав.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Hood, Christopher P. (2006). Shinkansen – From Bullet Train to Symbol of Modern Japan. Routledge. ISBN 0-415-32052-6.
  • Study of Japanese Electrodynamic-Suspension Maglev Systems
  1. Railway Technology Avalanche No. 7, "Our Manned Maglev System Attains Maximum Speed Record of 581 км/ч" (1 јануари 2005) Архивирано на 3 август 2007 г.. проверено на 16 ноември 2008.
  2. „High-Speed Rail Approaches Station“. WSJ. 26 јануари 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

35°35′N 138°56′E / 35.583°N 138.933°E / 35.583; 138.933